Последните откритија на „Football Leaks“ ја натерала УЕФА повторно да ги отвори документите од 2014 година за да започне ново разгледување за нарушување на Финансискиот фер-плеј од страна на ПСЖ и Манчестер Сити.
Неодамна „Football Leaks“ објави тајни докумнети со кои се открива дека од централата на УЕФА им помагале на споменатите клубови да ги заобиколат правилата на ФФП со цел да избегнат казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА сега е спремна повторно да ги отвори двата случаи и да започне ново разгледување на документите за да утврди дали истите се треирани правилно.
Неколку европски гиганти негодуваат и жестоко притискаат повторно да бидат разгледани документите.
Во случај да бидат утврдени неправилности ќе следува жестока казна за ПСЖ и Манчестер Сити и можно е да бидат исфрлени од европските натпреварувања.