Кога добиваш такви милиони, такви се и казните.
Пред почетокот на сезоната доби покачување од 180.000 евра месечно, но со такви примања доаѓа и одредена доза на одговорност. Не беша мала. Така Килијан Мбапе е казнет со 180 милиони евра за неколку минути доцнење на состанокот пред натпреварот на Пари Сен Жермен против Олимпик Марсеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на стручниот штаб Томас Тухел бил лут на Мбапе кој тој натпревар го започнал од клупата, но Германецот при резултат 0:0 во 62-та минута го внесе Мбапе во игра на местото на Ерик Чупо Мотинг.
Само три минути подоцна Мбапе го постигна првиот гол во победата од 2:0, но тоа не му помогна да ја избегне казната. Интересно е што оваа вест се појави дури денес, иако натпреварот беше одигран на 28-ми март. Можеби во Париз го изгубиле трпението поради поразот од Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Меѓутоа оваа казна сигурно нема тешко да му падне на Мбапе кој годишно од ПСЖ добива 20 милиони евра.
Исто така се дозна и дека Адриен Рабио кој не игра веќе три месеци е суспендиран поради излегувањето во доцните часови после поразот на Јунајтед за кој воопшто не е виновен. Но, Рабио е посебна приказна и за него јасно е дека повеќе нема иднина во Париз.