Дома Фудбал Останато ПСЖ го казни Верати поради возењето во алкохолизирана состојба

ПСЖ го казни Верати поради возењето во алкохолизирана состојба

ПСЖ официјално потврди дека го казни Марко Верати, бидејќи не одеше по правилата на клубот.

Играчот за врска на францускиот клуб беше притворен поради возење во алкохолизирана состојба ноќта од вторникот кон средата. Полицијата потврди дека во крвта на Италијанецот имало двојно повеќе алкохол од дозволеното.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според пишувањето на францускиот спортски весник „L`equipe“, во крвта имало 0,49 промили алкохол. Францускиот закон пропишува максимално 0,2 промили алкохол додека возите. И покрај тоа што го наруши угледот и правилата на однесување, Верати нема да биде казнет со драконски парични казни како што најавуваа француските медиуми.

„Според правилата кои се предвидени во договорите на нашите играчи, Марко Верати ќе биде лишен од делот на месечниот етички бонус. Етичкиот бонус се доделува на играчи за правилно однеување во сите околности“, најави ПСЖ.

Марко Верати се извини на клупската управа и на навивачите, како и на стручниот кадар и остатокот на тимот. Тој ја призна грешката, но и понатаму му се заканува одземање на возачката дозвола на неопределено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…