Дома Фудбал Италија ПСЖ во директни преговори со раководството на Јувентус, трансферот тежок за реализација?!

ПСЖ во директни преговори со раководството на Јувентус, трансферот тежок за реализација?!

Францускиот шампион, ПСЖ го контактираше раководството на тирински Јувентус околу евентуалниот трансфер на репрезентацијата на Германија, Сами Кедира.

Парижаните фрлија око на 31-годишниот играч за врска на „Старата дама“. Испратија понуда на адреса на тимот од Торино, но таа е одбиена и Кедира останува во Торино.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Искусниот фудбалер е врзан со договор до летото следната година. Сепак, се очекува Бјанконерите да му понудат нов договор, па Кедира ќе остане член на Јувентус и во следните години.

Кедира во Јувентус пристигна во 2015. година од редовите на мадридски Реал. Се покажа како вистинско засилување, а во 110 одиграни натпревари ппостигна 20 погодоци.

Претходно покрај Реал играше и за екипата на Штудгарт и стандарден репрезентативец е во германскиот табор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим носи еден од најдобрите голмани во Манчестер јунајтед

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез изразил желба да ја продолжи својата кариера во ре…