Дома Останати Просинечки доби тешка задача: Требаше да го избере најдобриот екс-ју фудбалер во историјата

Просинечки доби тешка задача: Требаше да го избере најдобриот екс-ју фудбалер во историјата

Роберт Просинечки пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. По пoразите од Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња во историјата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тешко е да се одбере најдобар. Ако сега кажам Дејан Савичевиќ, луѓето ќе мислат дека го бирам бидејќи ми е претседател. Имаше многу одлични фудбалери на овие простори, голем дел од нив ги одбележаа своите генерации. Генерацијата на Хрватска беше полна, да не зборуваме за времето на Црвена Звезда… Потоа и во репрезентацијата на Југославија играчи направија врвни кариери, со години беа во најголемите клубови на светот.

Еден од најдобрите со сигурност е Дејо, тука се и Шукер, Бобан, Папе Сушиќ… Ова се фудбалери кои ми паднаа на памет набрзина. Не сакам никој да се налути. Тоа беа играчи кои го одбележаа светскиот фудбал, а не само во Југославија“, изјави Просинечки.

Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на „Златната топка“ од територијата на поранешна Југославија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…