Дома Фудбал Лига на шампиони Продолжува да пишува историја: Aнсу Фати вечерва сруши уште еден рекорд во Барселона

Продолжува да пишува историја: Aнсу Фати вечерва сруши уште еден рекорд во Барселона

Aнсу Фати е новиот голем талент на Барселона и во тоа нема сомневање.

Вечерва во натпреварот против Борусија Дортмунд Фати сруши уште еден рекорд – стана најмладиот дебитант во историјата на ЛШ за Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Со 16 години и 321 ден тој стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Барселона во Лигата на шампионите. Досегашниот рекордер беше Бојан Кркиќ (17 години и 22 денови).

Фати на теренот помина 17 минути.

Неодамна после натпреварот против Валенсија тренерот на Барселона, Ернесто Валверде имаше големи пофалби за младиот фудбалер, но и го предупреди дека нема секогаш се да оди така лесно за него.

„На никого не му е лесно да игра за Барселона, а посебно не на еден така млад фудбалер како Ансу Фати. Не е нормално тоа што го направи, постигна гол со првата топка, асистираше со втората. Сакаме да се запознае со себе си, да сфати колку ова е комплицирано“,

„Каде и да биде играчот мора да го заслужи своето место. Тренерите сакаат младите играчи да пружаат енергија која ќе можат да ја искористат. Ансу ги има квалитетите кои ни се потребни“, изјави тогаш Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…