Пари Сент Жермен го шокираа фудбалскиот свет и за 222 милиони евра го доведоа Нејмар од Барселона, но Каталонците не се разделија на добар начин со Бразилецот.
Нејмар од раководството на Барселона бараше „бонус за верност“ за изнинатите 4 години во износ од 28 милиони евра. Каталонците одбија да го платат бонусот, па целиот процес ќе оди на суд.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поради тоа после трансферот на Нејмар во ПСЖ, двете страни не бираат зборови и често се искажуваат навреди од двете страни. Бразилецот е особено лут на претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу.
Бартомеу вчера повторно го нападна фудбалерот и неговиот татко и тврди дека го излагале и изневериле клубот.
„Направивме голема грешка. Премногу му верувавме на Нејмар и на неговиот татко и тоа ни се одби од главата“, изјави Бартомеу.
Не се чекаше долго на одговор од другата страна, па Нејмар на социјалните мрежи набрзо напиша:
„Смешен си!“