Дома Фудбал Англија Проблеми за Тотенхем: Хари Кејн се соочува со суспензија!

Проблеми за Тотенхем: Хари Кејн се соочува со суспензија!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се соочува со суспензија од три натпревари после синоќешниот меч со Челзи.

Хари Кејн неодамна се врати по тешката повреда, а сега го очекува нова пауза, откако му се заканува суспензија од три меча поради непримерен потег на мечот против „сините“.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Кејн и дефанзивецот на домаќините Цезас Аспиликуета имаа еден судир во текот на првиот дел кој главниот судија Андре Маринер не го виде.

Сепак, ФА одлучи да отвори истрага против напаѓачот на Тотенхем и ако констатира недостојно поведение може да го санкционира и со три меча суспензија.

Тоа значи дека Кејн во тој случај би го пропуштил големото дерби на северен Лондон во кое ќе се сретнат Арсенал и Тотенхем за време на викендот.

Останува да се очекува одлуката на ФА која ќе мора да биде донесена денеска.

„Спарси“ веројатно ја загубија битката за титулата по синоќешниот пораз, па сега мора да внимаваат да не ја загубат и позицијата која води во Лигата на шампионите следната сезона. Поради тоа дербито со Арсенал за двата тима е од исклучителна важност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не е само пласманот во четвртфиналето: Де Ла Фуенте испиша историја со победата над Грузија

Репрезентацијата на Шпанија вчера со победа од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Европ…