Дома Фудбал Италија Проблеми за Палермо: Се повреди Несторовски!

Проблеми за Палермо: Се повреди Несторовски!

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски синоќа се повреди на мечот против Цитадела и го напушти мечот после половина час игра.

Несторовски заработи повреда на бутниот мускул на десната нога и мораше да го напуште теренот после само 30 минути игра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во текот на денешниот ден Македонецот треба да ги мине деталните лекарски прегледи по што ќе биде познато и колку ќе отсуствува од фудбалските терени.

Отсуството на Несторовски е голем проблем за Палермо, бидејќи Македонецот е прв стрелец на тимот со 13 постигнати гола.

Тимот од Сицилија нема победа на последните четири меча на кои освои само три бода, па се наоѓа на третото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…