Дома Фудбал Италија Проблеми во Аталанта: Гомез одбил наредба на Гасперини, па бил заменет

Проблеми во Аталанта: Гомез одбил наредба на Гасперини, па бил заменет

Италијанските медиуми пишуваат за проблеми во редовите на Аталанта.

Наводно, Папу Гомез одбил од тренерот Џан Пјеро Гасперини да напаѓа по десната страна па затоа бил заменет на полувреме.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вчера Аталанта одигра 1:1 против Митјиланд, резултат кој на крајот и не беше толку лош затоа што Ливерпул го победи Ајакс. Сепак, јасно е дека Аталанта не игра на нивото на кое беше во финишот на минатата сезона.

Сега во Италија се пишува и за проблеми во соблекувалната. Во текот на првиот дел Гасперини побарал од Папу Гомез да напаѓа по десната страна и да ја промени позиција меѓутоа Аргентинецот ја одбил таквата наредба.

Гомез и Гасперини потоа имале дискусија во соблекувалната после што стратегот на Аталанта покажал кој е главен и го заменил на стартот од второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во игра е уште еден шокантен трансфер од Дортмунд во Баерн Минхен?

Баерн Минхен сериозно разгледува можности за позицијата стопер, а меѓу кандидатите е и …