Eкипата на Милан лошо ја започна сезоната во Серија А и навивачите, но и луѓето во клубот очекуваат далеку подобри изданија по репрезентативната пауза.
Меѓутоа сега се појави проблем. Имено, повреда заработил Исмаил Бенасер. Бенасер се повредил на еден од тренинзите на репрезентацијата на Алжир.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За натпреварот против Либерија, Алжир тренираше не вештачка треба бидејќи мечот требаше да се игра на таква подлога. Во тие услови Бенасер се здобил со повреда на мускулот. Веднаш по враќањето во Милано заминал на лекарски прегледи кои покажале дека повредата не е наивна.
Според најавите тој ќе треба да паузира три месеци што ќе биде сериозен удар за „росонерите“. Во први три кола од новата сезона Милан освои само два бода, а во четвртото ги очекува натпревар против Венеција.