Дома Фудбал Лига на шампиони Проблем за Барса и Валверде – „кошмарот“ на Челзи под знак прашалник за реваншот!?

Проблем за Барса и Валверде – „кошмарот“ на Челзи под знак прашалник за реваншот!?

Eрнесто Валверде би можел да се соочи со големи проблемо пред реваншот во 1/8 финалето во Лигата на шампионите каде што ќе играат против Челзи.

Повредата која Андрес Иниеста ја заработи минатиот викенд против Атлетико Мадрид би можела на Барселона да и создаде многу проблеми.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На „Ноу Камп“ стравуваат дека искусниот играч за врска нема да биде 100% спремен за реваншот кој на програмата е во среда. Како што дознава „Марка“ одлуката за неговиот настап ќе биде донесена во „последен момент“.

Да потсетиме, првиот натпревар на „Стенфорд Бриџ“ заврши без победник 1:1. „Сините“ оставија навистина добар впечаток, но една грешка во одбраната ги чинеше победа.

Иниеста во поновата фудбалска историја создаде големо ривалство помеѓу Барселона и Челзи. Како што е добро познато, токму Иниеста беше херојот во контроверзната победата на Каталонците во 2009 година со која Барса успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите, а подоцна и до трофејот во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…