Поранешниот тренер на Брага, Спортинг, Монако и Ал Хилал, Леонаро Жарди ќе го преземе Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, објави познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо.
На оваа позиција, Жардим ќе го замени Ернан Креспо кој поради лошите резултати доби отказ пред два дена. Најавите се дека Жарди ќе потпише договор до крајот на сезоната.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Креспо беше сменет по дебаклот против Ал Наср во минтото коло од Азиската Лига на шампионите со 5:1. Тоа беше четврти натпревар во низа без победа за неговиот тим.
Минатата сезона Креспо успеа на Ал Аин да му ја донесе титулата шампион на Азија, сепак тоа сега не му помогна да ја задржи работата.