Поранешниот аргентински фудбалер, Ернан Креспо зборуваше за ситуацијата со Лионел Меси во која неговиот сонародник се обидуваше да замине од Барселона
Две недели траеше сагата со Меси која на крајот заврши со останување на Аргентинецот во Барселона затоа што Барса не попушташе и бараше нереални 700 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клазула. Меси тврдеше дека може да се повика на клазулата според која по завршувањето на сезоната во наредните 10 дена е слободен да ја избере новата средина. Во Барса се бранеа дека таа клазула завршила во јуни, без разлика што сезоната беше продолжена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Креспо смета дека ако Меси бил сериозен да замине тогаш на преговори требало да испрати професионалец во таа област, а не неговиот татко.
„На Меси му требаше професионалец кој знае како се преговара. Не е исто кога преговара менаџер, а во случајот на Меси преговараше неговио татко. За разлика од таткото менаџерот нема семејна поврзаност, ниту сентименталност. Не сакам да кажам нешто лошо за Хорхе, но тој нема позадина за овие работи како други луѓе. Кога се преговара за за пари, тоа е „битка на моќ“ и потребен е човек кој знае да се снајде“, изјави Креспо.