Синдикатот на фудбалери на Македонија објави уште една добра вест по вчерашното тестирање во фудбалскиот клуб Вардар.
Сите тестирани во таборот на „црвено-црните“ се негативни на Ковид-19 што претставува уште еден добар знак пред евентуалното продолжување на сезоната во Првата лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ФК Вардар ја информира јавноста дека добиените резултати од вчерашното тестирање за Ковид-19 на фудбалерите и вработените се негативни. Благодарност до синдикатот на фудбалери на Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина за извршеното тестирање“, соопштија од клубот.
Фото: ФК Вардар