Манчестер Сити вчера стана првак на Англија, откако градскиот ривал Манчестер Јунајтед беше поразен на домашен терен од ВБА со 1:0.
Изненадувачкиот пораз за Јунајтед на Сити му овозможи рано славје и математичка потврда на титулата првак на Англија. Пеп Гвардиола и неговите играчи успеаа оваа сезона да го покорат Островот, а од таборот на второпласираниот Јунајтед испратија честитка за титулата на градскиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Честитки на Манчестер Сити за освојувањето на Премиер лигата, напиша Манчестер Јунајтед на Твитер и со тоа покажа големина.
На пет кола пред крајот Сити има 16 бодови пред Јунајтед, а целта на екипата на Мурињо е да остане на втората позиција.
Congratulations to Manchester City on their Premier League title win.
— Manchester United (@ManUtd) April 15, 2018