Дома Македонски спорт Прилепчани го освоија Босфорот: На велосипед за 5 дена до Азија!

Прилепчани го освоија Босфорот: На велосипед за 5 дена до Азија!

Како што и претходно ви најавивме, двајцата другари Филип Илиоски и Христијан Мојсоски направија подвиг за паметење, односно успеаа да извозат од Прилеп до Истанбул со своите велосипеди.

Имено, овие двајца другари ги поместија границите во возење велосипед, бидејќи за само пет дена успеаа да извозат околу 850 км. Нивното патување се одвиваше преку Дојран, Серес, Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација им беше азискиот дел во Истанбул, на Босфорот.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Како што раскажува Илиоски нивното патување завршило успешно. За тој временски период извозиле дефинитивно тежок терен кој секако бил проследен со силен ветер на места и до 50 км/h и голема надморска височина, но како што вели тоа се моментите кои ќе им останат во сеќавање до крајот на животот.

Тие додаваат дека се бескрајно задоволни, а исто така им се посебно благодарни на своите спонзори, роднини и пријатели кои им нуделе безрезервна поддршка додека траел овој подвиг.

Како и да е тие успеаа во својата мисија, а тоа беше да стигнат до друг континет само со велосипед. Браво дечки!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Омерагиќ доби честитка од Чеферин

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на …