Третопласираната екипа во Суперлигата, Еурофарм Работник од Битола го осигура и третото големо засилување за следната сезона. По Ѓукиќ и Никола Маркоски, нов член на битолскиот клуб е Благојче Трајковски. Искусниот 31-годишниот голман потекнува од школата на Тутунски комбинат, а во Еурофарм Работник доаѓа од Охрид.
Трајковски е искусен голман кој го бранеше голот на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, кога селектор беше Лино Червар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Трајковски потпиша договор на една сезона и треба да претставува големо засилување меѓу стативите. Клубот најавува уште неколку нови имиња како тимот би бил покомпетитивен за следната сезона, кога покрај Суперлигата и Купот на Македонија, ќе настапува и во европските купови.