Изминатиот викенд Вардар и Кјелце одиграа драматичен натпревар кој на крајот заврши без победник (28:28).
Ова беше посебен натпревар Игор Карачиќ кој со својот нов тим Кјелце се врати во Скопје каде што осум години го носеше дресот на Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карачиќ беше топло пречекан од своите поранешни соиграчи, а пред натпреварот си доби и подарок дрес од Вардар во знак на благодарност за се што направи за Вардар.
Овој момент се најде и во фокусот на ЕХФ кој го издвои како еден од оние кои го обележаа ова коло. Видеото можете да го видите на официјалната страна на ЕХФ – тука.