Дома Фудбал Останато Претседателот на Лион има предлог: Дали ова е наједноставното решение за да се заврши сезоната?

Претседателот на Лион има предлог: Дали ова е наједноставното решение за да се заврши сезоната?

Коронавирусот направи хаос и ги запре најсилните првенства во Европа. Прашањето кое сега се поставува е што кога ова лудило ќе заврши?

Многумина се прашуваат што ќе биде со националните првенства и меѓународните натпреварувања и дали воопшто ќе продолжат. Засега доминираат теориите за прекинување на натпреварувања и сметање на табелата каква што е во моментот на прекинот, а се шпекулира и за некаков плеј-оф.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас има предлог за националните првенства да се прогласи „празна сезона“.

„Најдобро решение е да кажеме дека ова е празна сезона. Титулата нека не се додели, а позициите за европските натпреварувања ќе ги добијат клубовите како и оваа сезона“, изјави Аулас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …