На поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски тешко му оди во хрватското првенство со тимот на Горица.
Ангеловски бележи лоши резултати во домашниот шампионат и не може да излезе од кризата. Македонскиот стратег беше доведен да ја спаси ситуацијата, но тешко оди. Пред натпреварот против Славен Белупо претседателот Ненад Чрнко порача дека комплетна доверба во Ангеловски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во овој момент ми нудат милион тренер секој ден, но не можам да најдам подобар од Ангеловски“, изјави Чрнко за медимите.
Потенцира дека Ангеловски ќе остане тренер и после мечот со Славен Белупо.
„Ако се прашувам јас, нема да добие отказ. Единствено може да си замине ако си поднесе неотповиклива оставка. Но, мислам дека тоа нема да се случи“, изјави првиот човек на хрватскиот клуб.
Дуелот помеѓу Горица и Славен Белупо се игра в недела од 17:30 часот.