Дома Фудбал Германија ПРЕСЕДАН: Судијата досуди пенал додека играчите беа во соблекувална!

ПРЕСЕДАН: Судијата досуди пенал додека играчите беа во соблекувална!

На натпреварот помеѓу Мајнц и Фрајбург во Бундеслигата, се случи досега незабележана ситуација во светот на фудбалот, а „виновник“ за тоа беше ВАР технологијата.

При последниот наппад на Мајнц во првото полувреме дефанзивецот на Фрајбург Кемпф играше со рака во својот казнен простор. Сепак, тоа судијата не го забележа и означи крај на првото полувреме.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Фрајбург веќе беа во соблекувалната кога судијата Винкман покажа дека ќе се прегледа снимка од ситуацијата пред голот на гостите.

По прегледувањето на снимката одлучено беше дека е пенал за Мајнц, па арбитрите ги повикаа сите играчи да се вратат од соблекувалната со цел да се изведе најстрогата казна.

Откако фудбалерите се вратија од соблекувалната, пеналот беше изведен, а Де Бласис погоди за 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…