Дома Фудбал Италија Пресвртот не бил случаен: Играчите на Болоња на полувремето добиле порака од Михајловиќ

Пресвртот не бил случаен: Играчите на Болоња на полувремето добиле порака од Михајловиќ

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ за прв пат вчера поради леукемијата не беше на клупата на на Болоња во Серија А.

Во првите две кола Михајловиќ покажа борбеност и се појави на клупата, а за овој натпревар не беше во можност затоа што го започна вториот циклус од хемотерапијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот во рамките од третото коло гостуваше кај Бреша. Болоња не го започна најдобро натпреварот и после првото полувреме имаше негатива од 3:1. Сепак во вториот дел заиграа многу подобро и направија пресврт за триумф од 3:4. Треба да се спомене и дека Бреша на почетокот на вториот дел остана со играч помалку.

Меѓутоа ветеранот кој го носи дресот на Џенова, Родриго Паласио откри дека големо влијание на нив имала и пораката која ја добиле од Миха на полувремето.

„Михајловиќ беше бесен. На полувремето ни испрати порака, а ние се обидовме да го пренесеме на терен она што ни беше кажано. Благодарение на неговиот менталитет успеавме да одиграме вакво полувреме“, изјави искусниот напаѓач кој беше еден од стрелците на оваа средба.

На Болоња на стартот од сезоната и оди сосема добро и после три одиграни кола овој тим собрано седум бодови и во овој момент се наоѓа на втората позиција. Во наредното коло ги очекува натпревар на домашен терен против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…