Дома Трансфер зона Пресврт: Марсијал потпишува нов договор со Јунајтед

Пресврт: Марсијал потпишува нов договор со Јунајтед

Иако долго време се шпекулираше дека Марсијал сака да го напушти Манчестер Јунајтед, самиот фудбалер призна дека е блиску до потпишување на нов договор со „црвените ѓаволи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на 22-годишниот играч истекува на крајот од сезоната, со можност за продолжување на една година, а од „Олд Трафорд“ се спремни да му понудат договор со неделна плата од 150.000 фунти.

Марсијал ова лето сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед и во неколку наврати одби да стави потпис на нов договор, но сега дојде до пресврт и Французинот е спремен да остане на „Олд Трафорд“.

Марсијал започна како резерва оваа сезона во Премиер лигата, но во последно време дефинитивно ја пронајде својата форма, откако постигна гол против Њукасл и ги постигна двата гола при ремито со Челзи во последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…