Шампионската титула во Премиер лигата ќе се решава во последното коло, а во игра се екипите на Ливерпул и Манчестер Сити.
На табелата Манчестер Сити има еден бод повеќе во однос на Ливерпул. Поради ваквата ситуација раководството на Премиер лигата мора да биде спремно за доделување на пехар на две места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека ситуацијата ќе биде решена така што на „Енфилд“ ќе биде испратен копија од оргиналниот трофеј кој ќе оди на „Итихад“. Причината поради која што на „Итихад“ ќе биде оригиналот е што „граѓаните“ имаат повеќе шанси да слават, а освен тоа тие се и актуелен шампион.
Во последното коло Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила која е предводена од Стивен Џерард, додека Ливерпул ќе се соочи со Вулвс.