Дома Фудбал Англија Премиер лигата го отпушти судијата кој го оштети Арсенал

Премиер лигата го отпушти судијата кој го оштети Арсенал

Ли Мејсон кој беше ВАР судија на натпреварот помеѓу Арсенал и Брентфорд и направи огромна грешка, доби отказ.

Англиската Премиер лига соопшти дека Мејсон бил отпуштен и повеќе нема да биде делегиран на натпреварите од најсилната англиска конкуренција. Причината за ваквата одлука е грешката која ја направи во натпреварот помеѓу Арсенал и Брентфорд кој заврши 1:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мејсон при постигнувањето на голот на Брентфорд не ја провери правилно ситуацијата и заборавил да повлече линија, па затоа голот на Тони остана регуларен. Арсенал така изгуби два бода во трката со Сити за шампионската титула.

„Сакаме да се заблагодариме на Ли за служењето во професионалната лига и му посакуваме се најдобро во иднина“, објавија од судиската организација на Англија.

Во кариерата во Премиер Лигата Мејсон главен судија бил 289 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…