Денеска (сабота) со почеток од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар го пречекува Турингер во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.
Вардарки денеска со нов ќе се обидат да се вратат на победничките патеки откако во претходните две кола ги загубија натпреварите од Будуќност и Мец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар беше првиот тим кој обезбеди четвртфинале, но натпреварот со Турингер може да има влијание за освојување на првото место во групата. Тоа ќе се случи доколку македонскиот тим го добие својот меч, а Ференцварош не победи во дербито против Будуќност.
Ирина Дибирова ќе го има своето тренерско деби, во составот се враќа и Андреа Кликовац која беше отсутна поради фамилијарни причини.
„Имаме супер тим, со добри и квалитетни играчи. Сега не можеме нешто да менуваме зашто тоа ќе биде тешко и за сите наши играчи. Ни треба само поддршка. Имаме план за натпревар. Спремни сме и треба да покажеме добра игра”, вели Дибирова.
Вардар со 31:29 го победи Турингер во Германија, но германскиот тим се покажа како цврст ривал.