Хрватската кошаркарска репрезентација на денешен ден пред точно 30 години го одигра натпреварот во полска Вроклава во кој изгуби од Словенија со 94:90. Беше тоа само еден обичен, резултатски неважен натпревар бидејќи квалификациите за Евробаскетот 1993 година завршија и Хрватска имаше обезбедено пласман.
Но, еден ден подоцна се покажа дека тоа всушност беше последениот натпревар на легендарниот Дражен Петровиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватските репрезентативци ја поминаа ноќта во Полска, а утрото се упатија за Франкфурт од каде што со авион се враќаа за Хрватска. За жал помеѓу патниците во авионот не беше Дражен кој одлучил да патува со автомобил со неговата девојка Клара и уште една сопатничка.
На автопатот Дражен се заби во камион и никогаш повеќе не се разбуди, Клара која управувала со автомобилот преживеа, како и нејзината пријателка. Според нејзините зборови во моментот на несреќата Дражен спиел на совозачкото седиште.
На тој натпревар Дражен постигна 30 поени и ја помина границата од 1000 поени во дресот на хрватската репрезентација.
29) En la playoff del año 93 los Nets llegan en un mal momento por continuas lesiones. Sin Kenny Anderson y con Drazen mermado por una lesión de rodilla caen ante Cleveland de nuevo, haciendo en su último partido en la NBA una de sus peores anotaciones con los Nets (11p) pic.twitter.com/M1AtHBD99G
— Manu Suarez (@ManuSuarez16) June 7, 2018