Дома Фудбал Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Реал Мадрид вчера објави дека се откажува од проектот Супер лига и со повлекувањето од тој проект се заврши целата приказна за создавање натпреварување на најбогатите клубови во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Флорентино Перез мораше да признае пораз, но сè прави во служба на клубот, па со излегувањето од лигата може да му донесе играч кој Кралевите жестоко го посакуваат, а тоа е откако се закопале воените секири со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.

“Му благодарам на Флорентино Перез. Тој е интелигентен човек кој секогаш се стреми кон напредок. Секој што ќе каже дека ова е негов пораз нема поим од фудбал”, рече тој и додаде:

“Сите ние сме победници во овој случај. Нема губитници. Фудбалот доби многу, а тоа сите го посакувавме за добро на нашите клубови и навивачи”, изјави шефот на ПСЖ.

Мирот меѓу раководителите на ПСЖ и Реал на крајот може да резултира со спектакуларен трансфер наредното лето.

Кралскиот клуб одамна го посакува Португалецот Витинхо. Во Мадрид го гледаат како наследник на Лука Модриќ и единствениот што може да се носи со таков товар, и планираат да го донесат летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…