Дома Фудбал Останато Пред само четири години играа финале во Лига Европа, а денес се пред банкрот

Пред само четири години играа финале во Лига Европа, а денес се пред банкрот

Фудбалот е суров и тоа е јасно од поодамна, многу работи се менуваат и доколку не го одржувате чекорот со времето ќе ве снајде лоша судбина. Денес многу клубови кои порано биле гиганти играат во аматерски лиги, од друга страна пак се појавија некои нови.

Парите го променија фудбалот тоа е дефинитивно. Дел успеаа да се прилагодат, но на дел и не им успеа. Помеѓу овие вторите за жал е и украсинскиот Днипро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој има традиција долга 101 година, а во 80-тите беше еден од најдобрите во светот. Во 1989 година тие станаа првиот професионален клуб во Украина. Денес овој клуб претрпе банкрот и не успеа да се регистрира за да се натпреварува во четвртата лига во Украина.

Пред само четири години Днипро ја имаше една од најдобрите сезони во својата историја (2014/2015). Таа година овој украински тим стигна до финалето во Лига Европа каде што претрпеа пораз од шпанска Севиља со 2:3.

Поради воената состојба во Украина тимот играше на 400 километри од својот Киев меѓутоа тоа не им беше проблем на Конопјанка, Бојку, Никола Калиниќ, Даглас, Леу Матос и останатите да постигнат фантастични резултати.

За жал денес се најавува црно сценарио и ако работите многу брзо не се променат, а не изгледа дека ќе се променат според медиумите во оваа земја клубот ќе згасне.

https://www.youtube.com/watch?v=jyYXRoLzcqo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…