Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пред 12 години Роналдињо, а вчера Нејмар…(фото)

Пред 12 години Роналдињо, а вчера Нејмар…(фото)

Репрезентацијата на Бразил вчера после поразот (2:1) од Белгија се прости од Светското првенството.

Бразил важеше за прв фаворит за освојување на Мундијалот, но ќе мора да се помират со вчерашната елиминација. Белгија одигра многу добар натпревар и на крајот заслужено се пласираше помеѓу најдобрите четири репрезентации.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


После натпреварот во центарот на вниманието беше легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри кој веќе некое време работи во стручниот штаб на Белгија. Многумина забележаа дека Анри прво тргна да го утеши Нејмар.

Сепак, брзо стана јасно дека Анри повторно беше кобен за Бразилците. Започна пред 20 години кога Франција во финалето ги совлада Бразилците, а се продолжи во 2006 година кога ги елиминираа од СП. Тогаш Анри го тешеше Роналдињо, а 12 години подоцна редот дојде на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Готово: Брозовиќ ја напушта Саудиска Арабја, се најавува и кадде може да продолжи!

Искусниот хрватски фудбалер Марсело Брозовиќ најверојатно ова лето ќе ги напушти редовите …