Барселона е спремна да ја намали цената на Осман Дембеле за да го заврза неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оглед на фактот дека Дембеле е резерва во тимот на Куман, Барселона е спремна да го пушти Французинот за 66 милиони евра. Што е значително помалку од сумата од 104 милиони евра која Каталонците ја платија за него пред три години.
Се уште нема информации дали Јунајтед е подготвен да ја плати дури и оваа сума, бидејќи првично „црвените ѓаволи“ го сакаа Французинот само за позајмица со можна опција за купување.
Вчера се појавија голем број извештаи дека дури и Пол Погба го повикал својот сонародник да го убеди да ја прифати понудата, а преговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед ова лето беше Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но „црвените ѓаволи“ не успеаја да постигнат договор со германскиот тим.