Дома Фудбал Италија Преговорите започнати, Кеси останува верен на Милан

Преговорите започнати, Кеси останува верен на Милан

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

23-годишниот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне ги критикува судиите: Сѐ беше против Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ќе мора повторно да се вратат во форма додека ги пакуваат своите куфери за…