Дома Фудбал Останато Преговорите започнале: Реал спремен да го пушти Раул во Бундеслигата?

Преговорите започнале: Реал спремен да го пушти Раул во Бундеслигата?

Реал Мадрид и Ајнтрахт би можеле да имаат нова соработка.

Прво, Лука Јовиќ премина во Мадрид, па се врати назад. Сега по истиот пат би можел Андре Силва, кон престолнината на Шпанија, додека во спротивен правец може да тргне Раул Гонзалес.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пишуваат голем дел од германските медиуми легендарниот напаѓач на Реал Мадрид е прв кандидат за нов тренер на Ајнтрахт бидејќи Ади Хитер заминува на крајот од сезоната. Шпанецот е заинтересиран за самостојна работа, а Бундеслигата би можела да биде негова прва дестинација.

Раул е тренер на младиот тим на Реал има договор со шпанскиот гигант, но нема дилеми дека ќе добие зелено светло ако навистина сака да оди Ајнтрахт. Преговорите почнале, а ќе продолжат по завршувањето на сезоната.

Во Реал веројатно сакаат да видат како ќе се одвиваат работите затоа што Раул се споменуваше и како можен наследник на Зидан ако Французинот си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА воведува новитет во Лигата на шампионите

Кровната куќа на европскиот фудбал соопшти дека од сезоната 2027/28. Лигата на шампионите …