Дома Топ вести Прегледите закажани, сместувањето обезбедено – познати и детали за трансферот на Роналдо во Ал Наср

Прегледите закажани, сместувањето обезбедено – познати и детали за трансферот на Роналдо во Ал Наср

Кристијано Роналдо е се поблиску до Саудиска Арабија, последните информации се дека клубот закажал лекарски прегледи и резервирал смештај за него.

Ако се оди според планот како и што се очекува Роналдо ќе стави потпис на богат договор. Претходно беше објавено дека Роналдо во Ал Наср ќе заработува околу 200 милиони долари по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 Подоцна се појави демант со информации дека договорот ќе изнесува 75 милиони евра годишно, сепак како и да е станува збор за најголемиот договор во кариерата на Роналдо.

Роналдо би требало да потпише договор до 2030 година, со тоа што играчкиот ќе го заврши во 2025 година.

Покрај играчката тој ќе добие улога на амбасадор за заедничката кандидатура на Саудиска Арабија, Египет и Грција за организација на Светското првенство во 2030 година. Исто така на Роналдо му е понудена и улога во раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…