Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија и легенда на југословенскито фудбал, Драган Џајиќ јавно ја критикуваше младата селекција по дебаклот против Англија во квалификациите за Европското првенство.
Репрезентацијата на Србија до 21 година во Нотингем од Англија беше поразена со 1:9.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не знам дали некоја наша репрезентација во историјата примила девет гола на еден натпревар, Што да кажам освен – срамота! Како да сме Сан Марино. Не е само тоа погледнете го составот на екипата, многумина се стандардни во своите екипи и не може да биде оправдување тоа дека Англија е силна. Колку и да се силни, таков пораз не смее да се случи“, изјави Џајиќ.
Англија пред оваа победа со Србија играше со аутсајдерот во групата, Луксембург и победи со 3:0, Србија сега ја чека натпревар со Северна Ирска.