Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина стравува пред бараж дуелот со Македонија.
Македонија на 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за Светско првенство.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, за италијанските медиуми истакна дека стравува за исходот од дуелот со Македонија.
„Стравувам од првиот натпревар против Македонија. Овие натпревари секогаш се тешки за играње. Италија е голем фаворит, но тоа за нас ќе биде многу тежок натпревар. Нема место за поправен, а Македонија е квалитетна репрезентација, постигна добри резултати во изминатиот период. Затоа фудбалерите треба да бидат многу внимателни“, изјави Гравина.