Дома Фудбал Италија Првиот човек на италијанскиот фудбал најави лудо сценарио: Сезона во два дела!?

Првиот човек на италијанскиот фудбал најави лудо сценарио: Сезона во два дела!?

Во текот на денешниот ден би требало да дознаеме што ќе биде со фудбалската сезона, УЕФА ќе одржи видео конференција 55 претставници на националните сојузи.

Клубовите во главно се за да ја продолжат сезоната. Секако, парите се во прашање. Штетата која би ги погодила најголемите клубови и првенства е навистина голема. Во Италија првенството е прекинато до 3. април, меѓутоа со оглед на моменталната ситуација тој датум ќе се пролонгира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Состанок се одржа и во Италија, а после состанокот Габриеле Гравина изјави дека постои можност сезоната 2019/2020 да се раздвои.

„Ако сезоната не може да се заврши ќе одиме на други опции. Не е исклучена можноста тековната сезона да биде раздвоена во две различни сезони. Засега никој не е во позиција да зборува што иднината носи“, изјави Гравина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ќе се ослободи од најлошото засилување и ќе тргне по двајца нови играчи!

Масимилијано Алегри ќе мора да ја засили екипата во јануарскиот преоден рок.  Имаше промаш…