Дома Фудбал Англија Првата изјава на Артета како тренер на Арсенал

Првата изјава на Артета како тренер на Арсенал

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Микел Артета е нов менаџер на Арсенал.

Арсенал попладнево на официјалниот сајт потврди дека Микел Артета се враќа на „Емирати“ како главен тренер и ќе седне на испразнетото место од Унаи Емери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неодамна „топџиите“ му врачија отказ на Емери и како приверемо решение на клупата го поставија Фреди Љумберг, а сега кормилото ќе му го препуштат на Артета.

После објавувањето на веста Артета набрзо ја даде првата изјава како главен тренер на Арсенал.

„За мене е ова голема чест, Арсенал е еден од најголемите клубови во светот и горд сум што мене ми ја дадоа довербата. Мојата цел е со Арсенал да се борам за трофеи, низ разговорите со претпоставените сфатив и дека клубот ја сака истата работа“, изјави Артета.

Ова за шпанскиот стратег е прв тренерски ангажман, бидејќи до сега беше помошник во тимот на Гвардиола. Артета потпиша договор со „топџиите“ на 3,5 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…