Екипата на ЖФК Љуботен денес објави една трансфер бомба кога е женскиот фудбал кај нас во прашање.
Имено, овој клуб доведе големо засилување во своите редови, Ана Бетатриз Тарантино која носи уметничко име Роналдиња. Таа ќе биде првата Бразилка која ќе заигра во Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 22 годишна фудбалерка која своевремно настапуваше за Васко Де Гама, а во Љуботен доаѓа од Вордерланд од Австрија. Со нејзиното доведување сигурно дека амбициите на клубот кој сега се наоѓа на средина на табелата ќе пораснат.