Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се уште води битка со леукемијата.
На тренерот на Болоња минатото лето му беше дијагностицирана оваа тешка болест па веднаш почна со хемотерапија. Неколку недели после тоа се појави во јавноста и тоа на натпревар на својата Болоња каде беше непрепознатлив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беше очигледно дека загубил многу килограми, а терапијата си го направила своето кога е во прашање косата, па од тогаш Миха на главата секогаш имаше капа.
Откако пред неколку недели заврши уште еден процес на терапија, Михајловиќ одлучи да ужива со семејството па така настана една опуштена фотографија на која Миха нема ништо на главата.
Фотографијата ја објави неговата споруга а на истата се гледа како легендарниот фудбалер ужива во опуштен амбиент со семејството.