Шампионот на Премиер лигата одлучи да го задржи искусниот голман на уште една година.
Скот Карсон и наредната година ќе биде дел од Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Возбуден сум што ќе останам во Сити и во сезоната 2023/2024. Јао обожавам работата со Пеп и соиграчите. Се надевам дека ќе можам да помогнам сите наши голмани да бидат во најдобра форма“, изјави Карсон при потписот на договорот.
Овој 37-годишник во Сити првпат дојде во 2019 година и беше на позајмица до крајот на сезоната 2020/2021. Кога му истече договорот со Дерби Каунти потпиша за Сити како слободен играч. Поранешниот репрезентативец на Англија сега се согласи на нов договор на дополнителни 12 месеци.
Како професионалец дебитираше во јануари 2004 за Лидс на 18 години, а сега ќе ја започне својата 20-та сезона како професионалец.
𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Scott Carson has signed a one year contract extension at #ManCity, keeping him at the club until 2024. pic.twitter.com/6Dgopx3YKb
— City Report (@cityreport_) May 26, 2023