Италијанската фудбалска лига ја уважи молбата на Џенова за одложување на мечот со Торино, кој требаше да се игра овој викенд.
Торино даде согласност за одложување на натпреварот откако од таборот на Џенова вчера потврдија дека имаат дури 11 позитивни фудбалери на Ковид 19.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Џенова уште во понеделникот запре со тренинзи и достави молба до Лигата за одложување на натпреварот.
Засега споменатиот меч е одложен за неопределено време, а нема информација дали постои можност за целосно прекинување на првенството.
Со сигурност ќе се одигра 3-то коло овој викенд, а потоа следи пауза поради терминот за репрезентации.
? | #GenoaTorino has been postponed#SFT pic.twitter.com/Ngh8Pui5Za
— Torino FC English (@TorinoFC1906_En) October 1, 2020