Многу тажни вести денеска пристигнуваа од Милано.
Навивачот на Интер кој пред синоќешниот натпревар на неговиот тим против Наполи беше удрен од комбе за жал почина во болница. Италијанските медиуми пренесуваат дека синоќа комбето кое им припаѓа на фановите на Наполи го удрел 35-годишниот симпатизер на Интер кој се здобил со тешки повреди и веднаш бил пренесен во болница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако лекарите неколку часа се бореле за неговиот живот, за жал не ја доби оваа битка и им подлегна на повредите. Освен овој инцидент, пред синоќешниот натпревар беа прободени четири навивачи на Наполи и нивната состоја не е позната. Потсетуваме дека и во текот на самиот натпревар имаше несакани сцени, бидејќи домашните навивачи на расна основа го навредуаа дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.