Мик Шумахер (21) денес славеше во трката во Формула 2 во Монца.
Синот на легендарниот Михаел Шумахер дојде до првата понуда оваа сезона, а со четвртиот подиум во низа се вмеша во борба за титулата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој сега има 131 бод, три помалку од колегата од академијата на Ферарари Шварцман.
Меѓутоа она што привлече внимание се случи на самиот старт на трката. Шумахер имаше неверојатен старт и од седмата позиција веднаш дојде до втората позиција.
Потоа успеа да дојде и до првото место со што потврди дека во него и тоа како има шампионски потенцијал.
Super @SchumacherMick start ?
— Formula 2 (@FIA_F2) September 5, 2020
From P7 to P2 by Turn 1 ?#ItalianGP ?? #F2 pic.twitter.com/vPwi9XM5Rc