Дома Останати Тенис Потврдено: Ѓоковиќ не игра во Доха

Потврдено: Ѓоковиќ не игра во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Доха поради проблеми со лактот.

Новак претходно објави дека нема да настапи на турнирот во Абу даби, а сега одлучи да го пропушти и турнирот во Доха бидејќи не е доволно спремен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ситуацијата со лактот за жал е непроменета во однос на вчера. И натаму чуствувам болка. Затоа сум принуден да отсуствувам од натпреварувањето на АТП турнирот во Доха.“

Бидејќи минатата година освои трофеј по победата над Енди Мареј, сега ќе изгуби 250 бодови.

Наредниот турнир на кој се очекува Новак да настапи е Австралија Опен кој се игра од 15. до 28. јануари.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто не се памети: Тенисерка на Вимблдон урнебесно реагираше поради пчела

Шуај Жанг и Екатерина Александрова обезбедија место во третото коло на Вимблдон во конкуре…