Дома Фудбал Англија ПОТВРДЕНО: Фергусон уште еднаш ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед!

ПОТВРДЕНО: Фергусон уште еднаш ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед!

Maнчестер Јунајтед потврди дека Сер Алекс Фергусон ќе се врати на тренерската клупа по повод 20 годишнината од освојувањето на тројната круна на „црвените ѓаволи“.

Легендите на Манчестер Јунајтед и легендите на Баерн Минхен ќе одиграат ревијален натпревар на 26-ти мај. Од Манчестер Јунајтед потврдија дека Сер Алекс Фергусон ќе биде човекот кој ќе ги води легендите на англискиот гигант.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Целата заработка од овој посебен натпревар ќе оди во хуманитарни цели преку фондацијата Манчестер Јунајтед.

Фергусон ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед во сезоната 2012-2013 освојувајќи ја Премиер лигата – подвиг од кој после неговото пензионирање Манчестер Јунајтед е далеку.

„Црвените ѓаволи“ се уште се единствената англиска екипа која ја освоила Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а за тој успех најзаслужен е токму Фергусон.

Иначе, после отказот на Манчестер Јунајтед му оди одлично под водство на Оле Гунар Солскјер. Одличната работа на клупата на „ѓаволите“ на Солскјер многумина тврдат дека е поради тоа што Солскјер има редовен контакт со Сер Алекс.

Пред неколку недели и самиот Солскјер потврди дека Фергусон уживал кога ги посетил неговите играчи во тренинг центарот.

„Уживаше во времето поминато во тренинг центарот. Имаше убави разговори со персоналот, а нас не охрабри“, изјави тогаш Солскјер.

Како и да е иако се работи за еден натпревар и тоа ревијален ќе бие навистина убаво да се види легендарниот Ферги повторно на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…