Дома Фудбал Италија Потврдено: Фабрцио Миколи мора во затвор!

Потврдено: Фабрцио Миколи мора во затвор!

Славниот поранешен италијански фудбалер Фабрицио Миколи и дефинитивно ќе мора да оди во затвор.

Судот во Италија ја потврди казната затвор од 3.5 години за Миколи кој е обвинет за изнуда, насилство и поврзаност со мафијата. Со оглед на неговата кариера која ја имаше како фудбалер ова секако беше големо изненадување за јавноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Случајот датира уште од пред десетина години. Тогаш Миколи со закани се обидел да добие 12.000 евра од газда на ноќен клуб, постоеле и аудио снимки како доказ. На снимките се слушало како Миколи го споменува Џовани Фалконе, познат судија во Италија.

Пред судот Миколи ја признал вината, потврдувајќи дека неговиот близок пријтел Мауро Лаурицела кој исто така е осуден, бил дел од мафијата.

Најголема трага во кариерата Миколи остави како играч на Палермо. Сега како што споменавме казната е потврдена и останува само уште Миколи да ја избере установата каде ќе ја издржува казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…