Дома Останати Потврдено лажирањето на судиите, нема државен рекорд за Ведран Самац (видео)

Потврдено лажирањето на судиите, нема државен рекорд за Ведран Самац (видео)

samac

Претседателот на Атлетискиот сојуз на Србија, Веселин Јевросимовиќ изјави дека видео снимката ги докажала нерегуларностите во резултатот на Ведран Самац.

Самац со 85.60 метри наводно поставил државен рекорд во фрлање копје во Сремнска Митровица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа на друштвените мрежи се појави аматерска видеоснимка од Митингот на пријателството на кое се гледа како судиите Драган Секулиќ и Зоран Кресојевиќ го поместуваат копјето за неколку метри за подобар резултат.

„Очигледно е дека имаше нерегуларности. Оваа снимка прво ја доби Атлетикскиот сојуз, а потоа беше пуштена во медиумите. Веднаш потоа ја повикавме комисија и според правлникот судиите беа суспендирани. Тешко дека некогаш повторно ќе добијат прилика да судат во било кое натпреварување“, изјави Јеросимовиќ за медиумите.

Дека атлетичарот Ведран Самац на митингот во Сремска Митровица поставил рекорд соопшти Атлетискиот сојуз на Србија пред снимката да се појави, по што регуларноста на резултат се доведе во прашање.

Од друга страна пак Самац тврди дека го соборил рекордот на Сеад Крџилица стар 31 година.

АСС објави дека Секулиќ и Кресојовиќ извршиле злоупотреба на должноста и ги прекршиле правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…