Швајцарецот Рожер Федерер долго време е надвор од терените поради двете операции на коленото, но нема намера да се откаже и ќе продолжи да игра тенис.
Федерер веќе најави дека во април или мај ќе знае кога ќе се врати на официјалните турнири, но сега е потврдено неговото учество на „Лајвер Купот“. „Лајвер Купот“ се одржува во септември, а Федерер ќе настапи во конкуренција на двојки и тоа заедно со Рафаел Надал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турнирот ќе се одржи во Лондон од 23. до 25. септември. Засега не е познато дали Федерер ќе игра на други турнири претходно. Инаку, ова нема да биде првпат Федерер и Надал да играат заедно во двојки тоа беше случај во минатото не неколку хуманитарни турнири.
A Fedal Comeback.
— Laver Cup (@LaverCup) February 3, 2022
Tennis superstars @rogerfederer and @RafaelNadal will represent Team Europe this September at #LaverCup London 2022. Premium hospitality packages available starting February 7. Multi-session tickets go on sale in early March. https://t.co/APOt1nJCb1 pic.twitter.com/4ufboTFDp6